Вучиќ: Потребна е итна набавка на вакцини против ковид-19

Фото: Инстаграм

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска одржал разговори со претставници на повеќе институти и агенции за набавка на вакцина против ковид-19 во оваа земја, пренесува Данас.рс.

Вучиќ на Инстаграм објави дека се сретнал со претставници на Институтот за вирусологија и вакцини, како и со Институтот за јавно здравје „Батут“, Агенцијата за лекови и Републичкиот фонд за здравствено осигурување, со кои разговарал за набавка на вакцини против ковид-19.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

-Итна набавка на вакцини е една од темите на денешниот состанок – истакна Вучиќ.

Покрај нив, на состанокот присуствувале и премиерката Ана Брнабиќ и министерот за здравство Златибор Лончар, кои исто така укажале на неопходната потреба за набавка на вакцини против вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот