Вучиќ: Побарав од Јункер да го изземе Западен Балкан од системот на квоти за челик

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Брисел побарал од претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер да го изземе Западен Балкан од својот систем на квоти за челик.

– Имаше едно нешто што го ставив во фокусот на разговорот, а тоа беше Железарата. Мојата идеја е да се борам за Србија, но и за Северна Македонија и Босна и Херцеговина, затоа што и тие имаат железари. Апелирав да го исклучат Западен Балкан од нивниот систем на квоти, им изјави Вучиќ на новинарите.

Тој посочи дека ние на Балканот сме мали и дека со квотите што ги имаме ќе ја загубиме работата, која е многу важна за нас.

– Мислам дека би било извонредна одлуката да се исклучи Западен Балкан од системот на квоти. Тоа беше многу важно за мене, рече Вучиќ.

Претходно, Вучиќ рече дека само го молел Јункер за Железарата, да ни помогнат, затоа што со продолжување на квотите, ќе се уништи производството, особено за ладно и топло валаниот лим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот