Вучиќ: Никој не ни нуди ништо друго, освен да го признаеме Косово

Претседателот Александар Вучиќ изјави денеска дека никој ништо не му нуди на Белград во врска со косовското прашање, освен да го признае Косово во рамките на границите признати од западните земји.

Како што јави дописникот на МИА, на информацијата дека специјалниот претставник на претседателот на САД за преговорите Белград-Приштина, Ричард Гренел, експлицитно барал признавање на Косово, а за возврат понудил инвестиции, Вучиќ рече дека имал позитивен и добар разговор со него и дека нема да одговори на претпоставките што се појавуваат во јавноста.

– Мислите дека некој друг ни понуди нешто друго, бидејќи слушам приказни за тоа како поделбата е предавство…? Никој не ни нуди ништо друго освен да го признаеме независно Косово како целина во рамките на границите на независно Косово,” изјави Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот