Вучиќ: „Малиот шенген“ не е политички сојуз, нека се приклучат и другите земји

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ пред посетата на Тирана рече дека е задоволен што неговиот колега од Црна Гора ќе земе учество на средбата на лидерите на Западен Балкан со иницијативата „Мал шенген“.

Тој вели дека се надева оти и другите земји ќе се придружат на оваа иницијатива.

– Се надевам дека овој економски сојуз на Србија, Македонија и Албанија во иднина ќе се прошири и ќе направам сѐ за да му укажам на претседателот на Црна Гора и на другите претставници за придобивките кои ќе ги имаат граѓаните од оваа иницијатива – изјави Вучиќ.

Тој додаде дека од оваа иницијатива ќе порасне БДП-то на земјите поради фактот што продуктите ќе бидат поконкурентни, пазарот ќе биде по унифициран, а тоа ќе биде за добро за регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот