Вучиќ ја отфрли идејата за недела да биде неработен ден во Србија: Како мислите дека Германецот ги заработува парите?

Српскиот претседател Александар Вучиќ/Фото: Jure Makovec / AFP / Profimedia

Германската компанија АФТ денеска отвори фабрика за авто делови во српскиот град Прибој, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Притоа, за време на настанот, Вучиќ меѓу другото зборувал и за идејата која се појави во Србија, а во Македонија се очекува наскоро да стане реалност, а тоа е недела да биде неработен ден.

„Како мислите дека Германецот ги заработува парите? Вредни луѓе, посветени луѓе, луѓе на кои работата им е животот – само така можат да напредуваат. А не само да бараат уште еден слободен ден. Јас кога ги слушам тие идеи недела да биде неработен ден, сабота да биде неработен ден, петок да биде неработен ден – може, идете во тие земји, а во Србија мора да биде работен ден, за да можеме да ги стигнеме тие кои денеска размислуваат за неработни денови“, оцени Вучиќ, а пренесува Блиц.

Како што додаде Вучиќ, „мора да се работи и на оној на кого тоа не му се допаѓа нека ја промени власта и нема никакви проблеми.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот