Вучиќ го осуди нападот врз Трифуновиќ

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вучиќ нападот врз Трифуновиќ го гледа како последица на фактот дека постои еден екстремен дел од општеството што нема што да понуди политички, но лично сака да биде на власт.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод нападот врз лидерот на Движењето на слободни граѓани Сергеј Трифуновиќ, рече дека е ужасно кога кој било учесник во политичкиот живот е нападнат, но дека е важно државата да реагира брзо и ефикасно и да ги уапси двајцата напаѓачи.

Вучиќ на Твитер напиша дека Трифуновиќ не е личност со која СНС би градела политички сојузи, затоа што неговата политика е речиси целосно спротивна на политиката што ја води тој и неговите СНС, но дека тоа не значи дека некој има право физички да се заканува или да го загрозува.

Вучиќ нападот врз Трифуновиќ го гледа како последица на фактот дека постои еден екстремен дел од општеството што нема што да понуди политички, но лично сака да биде на власт.

– Нема сомнение дека Владата исто така треба да промени нешто и во таа смисла тој престана да ги споменува политичките противници, да ги напаѓа и да одговора на нивните навреди што ги добива секој ден. Најважно е што ќе се случи во Парламентот, по изборите, на кои, според истражувањето, ќе учествува и партијата на Трифуновиќ – рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот