Втора Парада на гордоста во Скопје, се апелира на внимание во сообраќајот

Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Во Скопје денеска ќе се одржи втората Парада на гордоста што ја организира Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

– Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество, се вели во соопштението испратено до јавноста. 

Парадата ќе започне од паркот „Жена борец”, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк.

Поради одржување на Парадата на гордоста најавен е изменет сообраќаен режим во главниот град.

– Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец”, која започнува во 12 часот е по улица „Димитрије Чуповски”, свртување на улица „Даме Груев” и булевар „ВМРО” кон Владата на РСМ, па по булевар „Илинден” до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка” во Градскиот парк во 17:00 часот, информираа од МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот