Втор ден по карантинот: Раздвиженоста во Скопје сведена на минумим (ВИДЕО)

На вториот ден откако беа воведени мерките од Владата при што беа затворени училиштата, градинките и факултетите, откажани јавни собири со повеќе од 1.000 присутни и предложено да се ограничи движењето, граѓаните изгледа ги почитуваат препораките и скопските улици се празни.

Метежот во главниот град е намален, а Скопје и вчера беше со помала раздвиженост, иако во попладневните часови таа имаше зголемување.

Во државата засега има 9 случаи на коронавирус, а на границите има зајакнати контроли, при излез од државата особено контролата на автобускиот превоз и дестинацијата.

Покрај училиштата, од Владата препорака е да прекинат со работа и библиотеките, студентските и ученичките домови во наредните 14 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот