Врховниот лидер на Иран ги повика муслиманските земји да го бојкотираат Израел

Али Хамнеи/ Фото EPA-EFE/Iranian supreme leader office

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги повика муслиманските земји да го прекинат извозот на нафта и храна во Израел, истовремено барајќи прекин на бомбардирањето на Појасот Газа, објавија државните медиуми.

„Мора веднаш да престане бомбардирањето на Газа мора да се запре извозот на нафта и храна за ционистичкиот режим“, рече верскиот водач.

По нападот на Хамас на 7 октомври врз населбите и кибуците на југот на земјата и учесниците на музичкиот фестивал, во кој за еден ден беа убиени 1.400 луѓе и киднапирани 239, Израел прогласи воена состојба и започна невидено бомбардирање и опсада на палестинската енклава.

Палестинското Министерство за здравство, кое е под надзор на Хамас, тврди дека во израелскиот напад досега загинале околу 8.000 луѓе. Хамас е сунитска исламистичка група поддржана од Техеран и која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка група.

Иранските верски водачи го предупредуваат Израел на ескалација доколку не ја прекине својата агресија врз Палестинците и се закануваат дека другите групи во регионот поддржани од Исламската Република ќе интервенираат во конфликтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот