Времето денеска облачно со врнежи од дожд и снег

Снег / Фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi HUNGARY OUT

Времето во земјава денеска ќе биде облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет. Особено попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе преминат во снег, но ќе ослабат. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 5 степени.

Во среда ќе дува силен северен ветер и на места се уште ќе провејува снег. Во четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето, но ќе се задржи студено. Во петок кон крајот на денот во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот