Возовите стојат, машиновозачите никој не ги викнал на разговор?!

воз скопје железничка станица возови
Железничка Скопје/ Фото: МИА

Од утрово, во целосен прекин е патничкиот и товарен железнички сообраќај. Машинскиот персонал бојкотира, а досега никој, ниту од раководството на МЖ – Транспорт, ниту од Министерството за транспорт и врски не ги повикал на средба. Вработените во МЖ Транспорт ги запреа возовите затоа што не го земале вториот дел од септемвриската плата.

– Ниту некој не повика, ниту пак сакаме средба. Ние си ги сакаме парите за сработеното. Додека платата не ни легне на сметка, ние не возиме. Кога ќе ги добиеме парите веднаш, за 30 минути, возовите ќе тргнат согласно возниот ред –изјави за „Слободен печат Душко Чакаровски,претставник на машинскиот пероснал.

Тој потенцираше дека наредниот месец, уште од сега информираат дека ако плата за октомври не добијат до 25 ноември, на 26 ноември во 7 часот ќе го запрат железничкиот сообраќај.

– Ние тука сме дојдени за работа и за плата. Се друго е прашање на менаџмент, компанијата си има менаџери и тие нека се грижат за тоа во каква состојба е машинскиот парк, дали има локомотиви  и тие се одговрни да ни обезбедат работа – револтирано вели Чакаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот