ВОЗНЕМИРУВАЧКА ГЛЕТКА НА АВТОПАТОТ ВО СРБИЈА: Камион налета на комбе, загинаа три лица

Фото: Принтскрин/Блиц.тв

Три лица загинаа, а шест се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случи во 10 часот утринава на автопатот Белград – Ниш, во близина на местото Горња Трнава, дознава српски „Блиц“.

На местото на несреќата може да се забележи една вознемирувачка глетка: белото комбе кое потполно е смачкано на задниот дел по ударот од камионот и телата на загинатите кои се покриени со црни кеси.

Фото: Принтскрин/Курир.тв

Околку комбето се растурени делови од смачканото возило, а стотина метри подолу е паркиран и шлеперот кој, како што се сомневаат надлежните, пред тоа удрил во комбето кое стоело на лентата за запирање.

Според првите информации до кои дојде „Блиц“, товарното возило било од Кралево, а комбето од Крагуевац. Во комбето се превозувале 11 лица.

Во сообраќајната несреќа на лице место загинале три лица, додека осум се тешко повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот