Возило излетало од пат и слетало на дрво

Вчера возило излетало од коловозот и удрило во дрво при што тројцата патници од возилото се стекнале со повреди.

Незгодата, според информациите од полиција се случила на граничен премин Пелинце, односно на местото викано „Бели Грамаде“.

– Патничко возило „сеат ибица“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.Д.(42) од Куманово, излетало надвор од коловозот и удрило во дрвo. Во незгодата сопатничката Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот И.Д. и сопатникот Д.Д. се здобиле со телесни повреди. Сите тројца со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош – велат од СВР Куманово.

Направен е увид на местото на настанот и се работи на откривање на причините заради кои се случила незгодата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот