Вонреден самит на ЕУ на 25 и 26 февруари

Европска унија /Фото: Миа

Шефовите на држави и влади на Европската унија (ЕУ) на 25 и 26 февруари ќе одржат вонреден онлајн самит посветен на здравството, одбраната и безбедноста, соопшти денеска Европскиот совет (ЕС).

Самитот ќе почне на 25 февруари со седница посветена на координација за Ковид-19, а на вториот ден ќе се дебатира за безбедноста и одбраната.

Дипломатски извори истакнаа дека на 25 февруари ќе се разговара за планот на Европска комисија до 2023 година да се формира нов орган Здравствена унија, која би била еквивалент на американското Тело за одговор при итна здравствена (Health Emergency Response Authority).

На самитот е предвидено да се дебатира и за трансатлантските односи по доаѓањето на власт на новиот претседател на САД, Џо Бајден, како и за односите на ЕУ со Турција и со Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот