Волфович: Украински диверзантско-извидувачки групи влегуваат во Белорусија

Белоруско знаме
Белоруско знаме / Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Украински диверзантско-извидувачки групи влегуваат на територијата на Белорусија, изјави денеска секретарот на Белорускиот совет за безбедност Александар Волфович.

„По должината на делниците на украинско-белоруската граница се поставува инженерска опрема, се минира. Диверзантско-извидувачките групи (на Украина) дејствуваат долж границата и навлегуваат на белоруска територија, рече Волфович во интервју за телевизијата Белорусија-1“, пренесува ТАСС.

Според него, Украина распоредила околу 10 500 војници во правец на Ровно, 4500 војници во правец на Чернихив и повеќе од 5500 војници во правец на Киев.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот