Воиграните криминалци кои со специјални методи фалсификуваа документи во Хрватска заработиле повеќе од половина милион евра

Судот во Загреб одреди затворска казна за 21 лице осомничено за собирање на информации и изработка на документи за мафијашка група од Србија и Црна Гора.

Како што пренесоа хрватските медиуми, уапсените од овој „бизнис“ заработиле најмалку 716.000 евра.

Истражен судија одреди истражен затвор за 12 членови на поголема група на чие чело наводно е Нусрет Сеферовиќ, како и за девет членови на друга помала група, пренесе Хина.

Како што се наведува, останатите осомничени припадници на споменатите групи во истрагата ќе се бранат од слобода.

Со првото решение се опфатени 19 хрватски државјани и држајанки на старост меѓу од 21 до 64 години, додека со друга истрага се опфатени 10 хрватски државјани и една државјанка на Србија на возраст меѓу 29 и 64 години.

Канцеларијата за сузбивање на организиран криминал и корупција во Хрватска (УСКОК) се сомнева дека првоосомничениот Нусрет Сеферовиќ, за кој е наведена само возраста, ја поврзал криминалната организација на 19 осомничени и уште неколку непознати луѓе, како и дека по цена за најмалку 67 евра набавувал податоци од информацискиот систем на хрватското МВР, додека за 1.400 евра овозможувал и преминување на државната граница.

Покрај тоа, Сеферовиќ организирал и 18-члена група која од 2017 година до ноември 2019 година изработувала хрватски пасоши на основа на фалсификувани српски патни исправи со фотографии на трети лица, за најмалку 3.500 евра по документ.

Истата група изработувала и фалсификувани хрватски возачки дозволи на основа на лажни британски возачки дозволи по цена од најмалку 3.500 евра по дозвола.

Групата со помош на службеници во хрватското МВР набавувала податоци од хрватски државјани, на чие име би можеле да се изработат фалсификувани документи, а потоа му ги доставувале на Сеферовиќ кој од непознати луѓе набавувал неоригинални српски пасоши со внесени лични податоци за идентитетот на хрватските државјани и фотографијата на заинтересираната личност како вистински корисник.

Како што се наведува, нивните „клиенти“ кои главно биле државјани на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија, потоа го користеле тој идентитет како свој. На тој начин се изработени најмалку 42 лични карти и 40 хрватски пасоши по цена од 3.500 евра за сите исправи, а најмалку 11 неоригинални британски возачки дозволи се заменети за хрватски возачки дозволи по истата цена.

Групата за преминување на државните граници наплаќала најмалку 1.400 евра по човек, а засега е извршени неутврдена бројка на проверки во информациониот систем на хрватското МВР, со што се заработени средства во корист од најмалку 191.100 евра.

Нарачателите на лажните исправи главно биле извршители на кривични дела и припадници на мафијашки групи од Србија и Црна Гора, кои за документите плаќале меѓу 7.500 и 15.000 евра.

По големата полициска акција: Најголемите балкански мафијаши имале фалсификувани хрватски пасоши

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот