Водич за раст – неколку совети за вашиот стартап

Фото: Fotostand / K. Schmitt / AFP / Profimedia

Како основач на вашиот стартап, лесно можете да се изгубите во секојдневните одлуки, големи и мали – кои ви трошат часови од вашата иднина. Понекогаш може да се чувствувате како да сте на неистражен терен, и како одново да го барате вашиот пат. Но, кога ќе се вратите чекор назад, можеби ќе откриете дека не сте сами. Многу основачи се соочуваат со истите предизвици, а некои од нив добија поинаква сила, од друга страна.

Постојат одредени тешко стекнати лекции на неколку основачи кои веќе го поминале тој пат.

  1. Одржувајте фокус

Успешните стартапи често имаат единствена мисија која ја води секоја наредна одлука. Но, како што ќе расте вашата компанија, пазарот се менува и се појавуваат нови можности. За да не се изгубите во „преводот“, потребно е да останете верни на својот основен инстинкт и фокус и да ги задржите вашите долгорочни цели, макар и низ пречките кои се нормален дел од секој раст.

  1. Пробајте да ги предвидувате нештата

Секој ден одлучувате за многу нешта додека ја развивате компанијата и тимот. Донесувате одлуки што денес ви решаваат одредени проблеми, неразмислувајќи опсежно на т.н. side effects на секоја одлука и на идните предизвици со кои би се соочиле. Пристапете им на одлуките како добар шахист: секогаш размислувајте неколку потези однапред и предвидувајте ја иднината.

3 .Вложувајте во својот производ

Од самиот почеток, идејата за успех лежи во квалитетот на вашиот производ или услуга. Изградете силен бренд и прилагодете ги вашите решенија според потребите на вашите потрошувачи. Кога еднаш ќе го утврдите тоа, создавате можности за ширење, различност и раст, но сепак со задржување на првобитниот квалитет. Ако се двоумите околу можноста за кредитно покритие и развој на она што го нудите, ви нудиме предлог – поволните опции на Халкбанк АД Скопје во вид на кредити за фиксни средства или кредити за обртни средства. Доколку не сте сигурни каков тип на финансиска помош би била најсоодветна за моменталната ситуација во која се наоѓа Вашиот бизнис секогаш можете да пристапите користејќи ја контакт формата на банката за започнување соработка по што ќе бидете навремено исконтактирани од надлежните лица и ќе добиете стручен финансиски совет.

  1. Посветете се на вашите потрошувачи

Во торнадото од состаноци со инвеститори, оперативни одлуки и известувања, лесно може да ја изгубите од вид вашата најважна публика – вашите потрошувачи. Без нив, вашиот бизнис може да трае пократко од што замислувате. Секогаш враќајте се на потребите на вашите клиенти!

  1. Нека ве води визијата!

Зошто постоите како стартап? Како основач, вашиот одговор е најважен. Поради тоа станувате секое утро. Вие сте чувар на вашата визија и мисија, но тоа треба да го види и вашиот тим и да продолжи со истата страст како и вие.

  1. Одберете ги вистинските партнери

Вашите партнери ќе ви помогнат да ја дефинирате иднината на вашиот стартап, од ангажирање тим до носење советници. Односите што ги градите денес, ќе ви помогнат да се припремите за утрешнината. Бидете сигурни дека вашите партнери се во склад со мисијата на вашата компанија, имајте доверба во нив и така, ќе растете заедно.

  1. Најдете го вашиот омилен начин на игра

Постојат лекциии што можете да ги користите за подобрување на себеси, тимот, производите и компанијата, но не постои само еден прирачник или книга за успех. Следете го пазарот, применувајте ги иновациите во поглед на внатрешна организација и мотивирање на тимот, трасирајќи го патот што треба да се следи, а притоа почитувајќи ги основните начела на делување и стремејќи се кон остварување на визијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот