Во земјава ќе бидат згрижени 780 Авганистанци

Евакуација од Кабул. / Фото: EPA-EFE/DISTRICT INFORMATION OFFICE JAMNAGAR HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Вкупно 780 граѓани на Авганистан ќе бидат згрижени во земјава, најголем дел од нив ќе бидат сместени на периферијата на Скопје.

– За толку граѓани Владата презема обврска да обезбеди сместување и да ги згрижи, да помогне полесно да го поминат овој период додека се тука 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците – соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски.

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со бегалците кои треба да пристигнат кај нас, рече дека трошоците за престојот на бегалците ќе ги покријат соодветните организации и Соединетите Американски Држави.

Но, тоа не значи дека ако треба нешто да покриеме и ние ќе покриеме. Досега ги носиме трошоците на превоз до хотелите, на вакцината, на ПЦР тест да се направи, на понудите за бесплатен здравствен преглед и секако доколку има потреба за други активности“, изјави премиерот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот