Во видео порака ЕУ лидерите повикаа на солидарност за излез од кризата

– Солидарноста е во наш интерес, рече претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, додека Мишел Барние, европскиот преговарач со Велика Британија, оцени дека Европа е во опасност и е кревка.

Дел од европските лидери денеска ги повикаа земјите-членки на ЕУ да покажат солидарност и да овозможат усвојување на амбициозниот план за опоравување, а со цел Унијата да излезе од сериозната рецесија предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус.

– Таквата солидарност не е дадена сама од себе и не е должност. За неа се потребни напори и компромиси од сите нас, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Нејзината видео порака, како и пораките од други европски лидери ги објави Фондацијата Роберт Шуман, во знак на сеќавање на апелот упатен на 9 мај 1950 година, што се смета за текст на кој се поставени темелите на Европската унија.

До крајот на мај, Фон дер Лајен треба да го претстави планот за опоравување на економијата. Франција се залага за трогодишно издвојување пд 1.000 до 1.500 милијарди евра за економско заздравување и инвестиции во ЕУ. Меѓутоа Германија, Холандија, Австрија, Финска, Данска и Шведска одбиваат да ги здружат надоместоците во име на солидарност со земјите кои се најмногу погодени од коронавирусот и рецесијата.

– Солидарноста е во наш интерес, рече претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, додека Мишел Барние, европскиот преговарач со Велика Британија, оцени дека Европа е во опасност и е кревка.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека соработката, солидарноста и способноста за заедничко дејствување претставува јадрото на европскиот успех.

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли смета дека политиката е корисна ако е храбра, а доколку е храбра  тогаш може да ги менува нештата, па дури и светот, пренесува Бета.

Денот на Европа, 9 Мај, е воспоставен како Ден на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман од 1950 година, која се смета за првиот официјален чекор во основањето на ЕУ. Декларацијата беше предлог поранешните непријатели, Франција и германија, да воспостават организација која ќе управува со нивните индустрии на јаглен и челик, а со цел војна во Европа повеќе да не се повтори. Предлогот доведе до тоа во 1951 година да се формира Европската заедница за јаглен и челик, од која настана Европската економска заедница, а подоцна и денешната Европска унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот