Во училиштето „Наум Наумовски Борче“ во Гази Баба отворени атлетски борилишта

Фото: Општина Гази Баба

Основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба е првото училиште во Македонија во кое се отворени атлетски борилишта – атлетска патека со тартан подлога за трчање на 100 метри со четири стази, сегмент за скок во далечина и сегмент за фрлање ѓуле. Вкупната инвестиција на проектот е 6.400.000 денари.

Реализацијата на овој проект претставува можност за развивање на атлетските спортови на учениците од ова, но и од другите основни училишта во општина Гази Баба. Посакувам на овие спортски терени да се организираат и реализираат многу спортски настани на кои учениците ќе имаат можност да спортуваат, рекреираат и другаруваат – истакна градоначалникот Бобан Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот