Во текот на денот овие улици ќе бидат без вода

Прекин на водоснабдување фото МИА

Во неколку улици во Скопје ќе има прекин на водоснабдувањето, се вели во соопштението до граѓаните од Ј.П. Водовод и канализација.

– На ден 17.06.2019 година поради уличен дефект ф100мм на ул.Хо Ши Мин бр.41 (Бутел 1), ќе биде прекинато водоснабдување од 10:20 часот, без вода за пиење ќе бидат корисниците на ул.Хо Ши Мин, Краишка и Рудо – се вели во соопштението на Водовод.

Исто така, од претпријатието соопштуваат дека ќе има прекин на водоснабдувањето поради дефект ф5/4 и на ул: 14 бр: 35 во Сопиште.

Без вода ќе останат корисниците од овие улици се до санирање на дефектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот