Во тек инфраструктурно прилагодување за отворање на ГП Маркова Нога

Средствата за изградба и реконструкција на граничниот премин во висина од 1,8 милиони евра се веќе обезбедени преку Програмата за прекугранична соработка.

Отворање на ГП Маркова Нога во најскоро време за обезбедување поголема безбедност и подобри услови за интензивирање на прекуграничната соработка. Ова го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој заедно со директорот на ЈП Зоран Китанов беше на увид во санацијата на свлечиштето Маркова Нога.

Проектот како што соопшти е со вредност од околу 1,8 милиони евра, а предвидена е санација во должина од 250 метри.

„Нашата Влада и Владата на Република Грција интензивно работат на заедничко отворање на граничниот премин Маркова Нога. Со санација на свлечиштето создаваме услови за тоа што поскоро да се реализира.  Досега се одржаа неколку работни состаноци и како што сум информиран патот од грчката страна е веќе тампониран, а ние интензивно работиме на уредување на патната инфраструктура од наша страна, вели Сугарески.

Министерот информираше и дека средствата за изградба и реконструкција на граничниот премин се веќе обезбедени преку Програмата за прекугранична соработка, а во моментов се работи на обезбедување техничките услови и изградба на квалитетна инфраструктура, со цел да овозможиме поинтензивна соработка меѓу пограничните општини и услови за локален економски раст и развој на туризмот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот