Во среда почнува пријавувањето за ваучери за летување во Србија

Белград, Србија
Фото: МИА

Граѓаните на Србија од среда, 4 јануари, повторно ќе можат да аплицираат за користење ваучери за субвенциониран одмор во Србија, а ваучери за првпат ќе можат да добијат оние над 65 години кои не се стекнале со право на пензија.

Ќе бидат поделени 100.000 ваучери со максимална вредност од 5.000 динари, со кои ќе можат да платат сместување, а како што претходно најавија од Министерството за туризам и млади, ќе им бидат достапни 100.000 ваучери со максимална вредност од 5.000 динари.

Право на ваучери имаат пензионери, невработени лица, корисници на право на додаток за помош и нега на друго лице, вработени со примања до 70.000 динари месечно, воени инвалиди, иматели на земјоделски стопанства, студенти и за првпат и оние над 65 години кои немаат пензија, соопшти Министерството за туризам и млади на Србија. Пријавувањето за ваучери, како и изминатите години, ќе се врши на шалтерите на Пошта Србија, објави Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот