Во Србија во последните 24 часа повеќе од 5.000 нови случаи на Ковид- Благодарение на вакцинираните здравствениот систем опстојува

Според последните податоци, уште 5.255 новозаразени со коронавирус се регистрирани во Србија во последните 24 часа.

Според здравствените власти починале 37 луѓе, а во моментов 183 пациенти се поставени на респиратори.
Српските лекари апелираат дека вакцинацијата е единствениот начин за борба против вирусот.

„ Со примената на Ковид пропусници е задоцнето бидејќи веќе има премногу заразени луѓе за еден ден, и речиси е неверојатно било кој разумен да ја доведува во прашање вакцината, смета лекарската фела

Епидемиолозите во Србија се загрижени за следниот период бидејќи стравуваат дека доколку нема доволно вакцинирани, епидемијата може да трае подолго, а таквите тешки услови ги погодуваат сите и ќе имаат негативни последици.

Вирусолозите пак предупредуваат дека дури и оние кои го прележале Ковидот не се заштитени бидејќи вирусот Делта го пробива стекнатиот имунитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот