Во Србија 154 пациенти се борат за живот, приклучени на респиратори

Белград, Србија / 2020 / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC SERBIA OUT

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 6.915 лица, а 279 од нив биле позитивни. Починале 12 лица.

На респиратори се наоѓаат 154 пациенти, што е најголем број од почетокот на епидемијата од коронавирус во Србија.

Во текот на вчерашниот ден во таа земја е забележан пад на бројот на новозаразени (вчера имаше 287) во однос на ден претходно, но една од причините за тоа е малиот број тестирани овие денови, што не беше случај во претходните недели.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот