Во сообраќајна несреќа загина поранешен фудбалер на Милан (ВИДЕО)

Поранешниот младински италијански репрезентативец и дете на Милан, Симонлука Агацоне (39) загина во сообраќајна несреќа кај Карпињано.

Покрај него, животот го загубил и Матео Равето (32) кој исто така е фудбалер.

Како што објавија италијанските медиуми, автомобилот во кој биле Агацоне и Равето се судрил со диви свињи и излетал од патот, а кога пристигнала брзата помош единствено што можела да направи е да констатира смрт.

 

Симонлука Агацоне беше млад талентиран фудбалер кој ги помина сите категории во Милан, а играше и за репрезентацијата на Италија во категориите до 16 и 18 години.

Подоцна играше во Монца, Специа, Новара, а во моментот на трагедијата на 39-годишна возраст настапуваше за аматерскиот тим Спортива Фонтанетесе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот