Во Словенија запленети 300 килограми дрога

Словенската полиција уапси деветмина словенски државјани во голема полициска акција во Љубљана.

Полицијата запленила 230 килограми кокаин, два килограми хероин и 43 килограми смола од канабис. Пронашле и четири возила со посебно прилагоден простор за криумчарење дрога и голема количина пари.

Како што јавуваат словенските медиуми, дрогата била наменета за меѓународниот пазар а групата дејствувала на Балканот и во дел од земјите од ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот