Во Скопскиот регион во мај издадени најмногу одобренија за градење

Во извештајниот период е предвидена изградба на 432 станови, со вкупна корисна површина од 35.471 метар квадрарен.

Во мај годинава се издадени 161 одобрение за градење, за 27,5 проценти помалку во однос на мај лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 1.559.061.000 денари, или за 60,9 проценти помалку во однос на мај минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење во мај годинава, 81 се наменети за објекти од високоградба, 28 од нискоградба и 52 за објекти за реконструкција. Кај 85 објекти инвеститори се физички лица, а на 76 објект инвеститори се деловни субјекти.

Податоците на статистика покажуваат дека најмногу дозволи за градење се издадени во Скопскиот регион, 66, од кои 11 во Општина Карпош, 10 во Општина Аеродром, по седум во Општина Центар, Кисела Вода и Чучер Сандево, шест во Чаир.. Двојно помалку или 33 одобренија има во Источниот, по што следи Вардарскиот со 21, Пелагонискиот со 16, Југозападниот со 13, Југоисточниот со девет, а ниту едно одбрение за градба не е издадено во североисточниот регион.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 432 станови, со вкупна корисна површина од 35.471 метар квадрарен. Најголем број станови, 376, се во Скопскиот регион, од кои 227 во Општина Аеродром, 88 во Општина Гази Баба, 28 во Општина Центар, 20 во Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот