Во Скопје се лекуваат 270 пациенти со ковид-19, голем дел се на кислородна поддршка

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часасе хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Монистерството за здравство. Вкупно 279 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми, во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември 7 нови приеми, а на Инфективната клиника 8. Дома се пуштени 29 оздравени пациенти.
Вкупно 279 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 9 во моментот се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. На Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ 12 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 13 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, на ОРЛ 13 болни, а на Клиниката за гастроентерохепатологија 22. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 85 болни, на Клиниката за инфективни болести 77 , а во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 159 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот