Во Шпанија вкупниот број починати лица се искачи на 21.282 лица

Шпанија има вкупно 28.797 смртни случаи/ Фото: EPA

По бројот на заразени лица, Шпанија е на второ место во светот, веднаш зад САД.

Откако во текот на вчерашниот ден беше регистриран најмал број смртни случаи на дневно ниво во изминатиот месец, денеска во Шпанија повторно е регистриран раст, односно според статистиките изминатите 24 часа во земјата починале 430 пациенти како последица на корона вирусот.

Сепак и понатаму се забележува дека бројот на новозаболени има опаѓачки тренд. Вкупниот број на починати изнесува 21.282 лица. Со Ковид-19 во последните 24 часа инфицирани се речиси 4.000 луѓе, со што вкупната цифра се искачи на 204.178.

По бројот на заразени лица, Шпанија е на второ место во светот, веднаш зад САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот