Во САД се појави извештај за пробни вакцинации против коронавирусот

Најголем дел од пропратни ефекти се набљудувал по втората вакцинација.

Американската фармацаветска компанија Модерна ја заврши првата фаза клинички испитувања за вакцина против новиот коронавирус, соопшти синоќа медициското списание The New England Journal of Medicine.

Во правата фаза од испитувањата со пробни вакцинации учествувале 45 здрави луѓе на возраст од 18 до 55 години. Поделени на групи од по 15, поединците примиле пробни вакцини mRNA-1273 во разни дози – од 25, 10 и 250 микрограми.

Потоа, кај учесниците од сите три групи се создале антитела од коронавирус пропорционално со дозата на вакцината. После 28 денови била изведена втора вакцинација по што бројот на антителата се зголемил.

Кај половина од учесниците во испитувањето се појавиле пропратни ефекти како умор, потење, главоболка и болка на местото на инекцијата. Најголем дел од пропратни ефекти се набљудувал по втората вакцинација.

Научниците заклучиле дека не се јавиле пречки за изведување понатамошни испитувања и затоа разработката на вакцината продоложува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот