Во Русија утре е ден на жалост, Путин го опиша нападот како „крвав, варварски чин“

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот претседател Владимир Путин во обраќање до нацијата соопшти дека утре во Русија е ден на жалост, по терористичкиот напад што синоќа се случи во концертната сала Крокус во северозападниот дел на Москва.

На почетокот на обраќањето Путин најпрвин изрази благодарност до спасувачките служби кои направиле се за да спасат што повеќе животи и изрази сочувство до семејствата на жртвите. Терористичкиот напад го нарече „крвав, варварски чин“.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

– Напаѓачите се упатија кон Украина, каде ги чекаше безбеден премин. Истражните и органите на редот ќе вложат максимални напори да ги утврдат сите детали за терористичкиот напад. Ќе ги идентификуваме и казниме сите одговорни. Криминалците ладнокрвно убиваа Руси и пукаа во Руси од непосредна близина како порано нацистите. Русија постојано минува низ најтешките искушенија. Така ќе биде и сега – рече Путин.

Група терористи отворија оган вчера околу 20 часот во концертната сала Крокус во северозападниот дел на Москва, по што подметнаа пожарот и побегнаа.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Најмалку 143 лица загинаа, но Рускиот истражен комитет очекува многу повеќе жртви со оглед на големиот број тешко повредени. Повеќе од 100 лица се хоспитализирани, од кои половина се во тешка состојба.

Терористите биле уапсени околу 3 часот по полноќ во областа Брјанск додека се обидувале да стигнат до Украина.

ВИДЕО | Терористот од Москва на испрашување признал се: Добив пари и насоки за нападот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот