Во Романија досуден најсмешниот пенал во историјата (ВИДЕО)

Романскиот фудбал повторно се најде во центарот на светската јавност, а како што веќе станува традиција, причината не е некоја позитивна работа туку спротивното. Пеналот кој е досуден на натпреварот помеѓу Петролул и Универзитатеа Крајова најверојатно е најсмешниот во историјата на фудбалот.

Во натпреварот од деветтото коло наместо фудбалерите во главната улога се најде главниот судија кој во финишот од натпреварот досуди пенал за домашниот тим.
Напаѓачот на Петролул, Балинт падна како покосен во противничкиот шеснаесетник без никој да го допре. Тој втрча во казнениот простор со намера да дојде до топката и само „полета“ пред голманот, а главниот судија покажа на белата точка. До спорниот момент гостите имаа предност од 0:1, а за нивна среќа најсмешниот пенал не е реализиран со што е задоволена правдата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот