Во Република Српска нема повеќе од 850 илјади жители- се заканува демографска катастрофа

Собрание република српска
Собрание република српска/ Фото Aрхива на Слободен печат

Пратеникот на Српската демократска партија (СДС), Давор Шешиќ, во Собранието на Република Српска изјави дека постои вистински страв дека во моментов нема повеќе од 850 илјади жители во Република Српска и дека и се заканува демографска катастрофа, пренесе Бета.рс.

Шешиќ предупреди на големиот број заминување на населението од Република Српска и неможноста на сегашната влада да се справи со проблемот.

-На Република Српска и се заканува демографска катастрофа доколку продолжи овој тренд на заминување на населението, проследен со сегашното ниво на фертилитет (плодност или родност)-рече тој.

Според него, по војната во БиХ до пописот во 2013 година, Република Српска ја напуштиле 330.000 лица, а според проценките, уште 125.000 заминале после пописот.

-За жал, овој тренд не се намалува ниту денес. Структурата на луѓето што заминуваат е загрижувачка, бидејќи тоа е главно млада и работоспособна популација со целосна репродуктивна моќ- посочи тој.

Шешиќ истакна дека „демографскиот аларм е вклучен и дека е крајно време за соодветни демографски мерки на властите“.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот