ВО РЕКОРДЕНО ВРЕМЕ! За само 10 месеци, Кинезите изградија една од најголемите фабрики за автомобили во светот (ВИДЕО)

фото: Профимедиа

Кинеската фабрика на „Тесла“ во Шангај, која ќе ги произведува електричните автомобили „Tesla Model 3“ и „Model Y“, започна со работа во четвртокот.

Американскиот милијардер и основач на „Тесла“, Илон Маск, инвестираше 2 милијарди долари во фабрика во близина на Шангај. Во тоа е вклучена изградбата на објектот и концесија на 50 години.

Изградбата на фабриката на „Тесла“, соодветно наречена „Гигафактори 3“, со големина од 86,5 хектари (870.000 квадратни метри), започна на почетокот на годината, а Кинезите ја градеа фабриката од темел ја изградија за помалку од една година (10 месеци).

Ова е една од најголемите фабрики за автомобили во светот, со исклучок на погоните на „Хјундаи“ и „Фолксваген“. Таа е скоро двојно поголема од објектот на „Тесла“ во Калифорнија.

Во првата фаза од проектот, Маск има за цел да произведува 250.000 автомобили годишно, а во наредните години производството треба да се искачува на 500.000 примероци на „Tesla Model 3“ и „Model Y“ годишно.

Кинескиот план е да има 160 милиони електрични возила на нивните патишта до 2040 година.

Инаку, „Гигафактори 3“ ќе биде првата автомобилска фабрика во Кина во сопственост на странци, Американец и за Маск првата фабрика на „Тесла“ надвор од САД. И покрај инвестицијата вредна 2 милијарди долари, се очекува Маск да ги избегне високите царини наметнати на американскиот извоз на автомобили во Кина на овој начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот