Во Нигерија се воведува закон за кастрација на силувачите на деца

epa08479049 Wife of the governor of Lagos, Ibijoke Sanwo-Olu holds a placard in solidarity with the members of the Coalition of Men Against Rape during a street protest and enlightenment campaign at the state house in Ikeja district, Lagos, Nigeria, 11 June 2020. After the rape and brutal murder of Uwaila Omozuwa, a 22-year old University student in Nigeria's southern city of Benin on 27 May 2020, many rights groups are calling and protesting for stiffer state punishments against the perpetuators of sexual violence in Africa's most populous country. EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Нигериската сојузна држава Кадуна донесе закон според кој осудените за силување на деца помлади од 14 години ќе бидат казнувани со кастрација, пишува БиБиСи.

Насир Ахмад ел-Руфаи, гувернер на оваа нигериска северозападна држава, кој и претходно се залагаше за ваква казна, ќе го потпише законот за да може да стапи на сила.

Според сојузните закони на Нигерија казните за силување на деца се меѓу 14 години и доживотен затвор. Но државите може да донесат сопствени закони.

Инаку, ваквите злосторства во Нигерија ретко се пријавуваат поради стигматизацијата. Од 2015 година до денес покренати се обвиненија за околу 40 лица осомничени за силување. Но бесот на јавноста поради бројните силувања расте. А во јуни гувернерите на сојузните држави прогласија вонредна состојба поради силувањата и насилството врз жените.

 

Видео на денот