Во јуни 16,6 отсто повеќе туристи од лани

Фото: Принтскин/Јутјуб

Во државава во јуни годинава се регистрирани 119.334 туристи со 264.821 ноќевање, што во однос на јуни лани претставува зголемување за 16,6 проценти, односно за 8,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најпосетени во јуни годинава биле езерските места, каде престојувале 50.939 туристи, по што следи главниот град со 41.578, па планинските места со 5.604 и бањите со 2.392 посетители. Најмногу странски туристи имало од Турција, Полска, Србија, Грција и Бугарија.

Во јуни годинава бројот на домашни туристи се зголемил за 15,7 проценти, а на странските за 16,9 проценти, а во делот на ноќевањата за 7,2 проценти, односно 9,6 проценти.

Во периодот јануари-јуни годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за четири проценти, при што кај домашните има зголемување за 5,2 отсто, а кај странските за 3,5 проценти. Во првата половина од годинава бројот на ноќевањата е зголемен за 2,1 отсто, кај домашните туристи за 1,3 проценти, а кај странските за 2,6 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот