Во Германија умира секој трет пациент со Ковид-19 ставен на респиратор

Ковид болница. / Фото: EPA-EFE/MATTHIAS RIETSCHEL / POOL

Според студијата, излекувани се околу 80 отсто од пациентите со Ковид-19, 16,6 отсто починале, додека останатите 3,6 се уште се наоѓаат на лекување во болница.

Во Германија починува секој трет пациент со Ковид-19, кој ќе биде ставен на респиратор, покажува истражувањето на клиниката „Хелиос”.

Списанието „Шпигел” посочува дека во Германија, секој петти пациент со Ковид-19 завршува на одделение  за интензивна нега.

„Хелиос” поседува повеќе од 80 болници во Германија, а истражувањето се темелеше на искуството стекнато од февруари до средината на јуни.

Според студијата, излекувани се околу 80 отсто од пациентите со Ковид-19, 16,6 отсто починале, додека останатите 3,6 се уште се наоѓаат на лекување во болница.

Раководителот на Одделението за неврохирургија на клиниката во Бад Саров, Јулиус Денглер, истакна дека студијата покажува дека развојот на болеста кај пациенти во Европа е речиси идентичен, со слична стапка на смртност кај пациентите на респиратор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот