Во Дебар и Центар Жупа зголемен бројот на корисниците на гарантирана минимална помош

Во општините Дебар и Центар Жупа зголемен е бројот на семејствата кои остваруваат право на гарантирана минимална помош.

Состојбата со пандемијата со Ковид-19 е главната причина што го зголеми бројот на барања, бидејќи точно од почетокот на пандемијата до денес, во ова подрачје, кое беше прво жариште на болеста, многумина останаа без работа.

-Од почетокот на пандемијата, поточно од март до денес, бројот на семејства кои го остварваат ова право е зголемен за 80. До пред пандемијата гарантирана минимална помош остваруваа 720 а сега тој број е 800 кориници со околу 3.500 членови на семејства, изјави за МИА, Крешник Пачуку директор на центарот, кој со својата активност ги покрива двете општини.

Исто така, додава тој, треба да се напомене дека поради пандемијата имало и некои законски олеснувања поврзани со роковите за доставување на барањата од страна на корисниците до центарот.

-Врз ова секако најголемо влијание има губењето на работните места во текот на месеците на пандемија. Факт е дека добар дел од жителите, сега се без работа, особено оние кои работеа во услужниот сектор. Доставените барања внимателно се разгледуваат и се донесува решение врз основа на пропишаните законски прописи, вели Пачуку.

Овие семјствата, особено во периодот кога ова подрачје беше под карантин, односно од 13 март до 13 април, но и потоа, беа опфатени при распределбата на хуманитарна помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот