Во Британија нов облик на семејно насилство – деца напаѓаат родители

Станува збор за тинејџери и таа појава е загрижувачка.

Зголемените тензии во домовите натераа деца да ги напаѓаат своите родители за време на забраната за движење поради коронавирусот во Велика Британија, предупреди Вера Берд од повереник за жртви за Англија и Велс.

Таа рече дека новиот вид семејно насилство е во пораст, според извештаите.

– Постојат некои индиции дека постарите деца ги злоупотребуваат родителите, што веројатно сугерира дека децата сакаат излезат и дека тоа не им е дозволено, изјави таа пред Парламентот, пренесе Би-Би-Си.

Таа додаде дека станува збор за тинејџери и нагласи дека таа појава е загрижувачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот