Во Белград веднаш би можеле да се вработат 2.000 шивачки

Сплавови Белград/ Фото: Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Денеска во Белград се отвора „Балкан текстил 2023“ – саем за текстил на кој ќе се претстават 53 компании од Турција, Кина, Португалија и Србија. Иако производството на текстил и облека имаше долга традиција и со години беше една од главните извозни гранки, состојбата денес е далеку од тие славни денови.

На прашањето што значат овие податоци и дали има шанси за домашната текстилна индустрија, ниту добрите познавачи на состојбите во Србија не се оптимисти. Милан Кнежевиќ, долгогодишен бизнисмен и сопственик на „Модус“, вели дека има многу проблеми и дека во сегашните услови во секторот Србија нема перспектива да го зголеми обемот на производството, пишува Политика.рс.

– Денеска на пазарот има само неколку големи производители кои се занимаваат со сериозно производство. Останатиот текстл се продава во бутици и други продавници, а доминираат странски брендови, најчесто со значителна поддршка од земјите од кои доаѓаат. Една таква компанија моментално зазема 15 отсто од српскиот пазар на средни квалитетни брендови – објаснува Кнежевиќ.

Според него, има голем број домашни производители кои имаат свои или обезбедени продавници за малопродажба, како „Мона“, „ПС мода“, „Легенда“, „Луна“.

-Да не го заборавиме огромното присуство на половни стоки со катастрофални еколошки последици. Западните земји на овој начин се ослободуваат од овој вид стоки бидејќи рециклирањето е многу скапо. Овие парчиња облека завршуваат на нашите битпазари и се продаваат за 100-200 динари по парче. А тоа значително ја намалува можноста за раст на продажбата во легалните продавници. Тука е и проблемот со продажбата на интернет, која е целосно надвор од контрола и зазема огромен дел од пазарот – вели Кнежевиќ.

Тука е и хроничниот недистиг на работна сила, па само во Белград, забележува Кнежевиќ, во моментов би можеле да се вработат 2.000 шивачки, но нема ниту една.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот