Во Австрија уапсени пет кошаркари за местење натпревари

фото: www.ubsc-graz.at

Пет кошаркари од австрискиот тим УБСЦ Грац се уапсени поради сомневање за местење натпревари. Тие се сомничат дека натпреварите ги наместиле за нивниот тим, соопшти Хансерг Бахер, претставник на Државното обвинителство за Грац.

Обвинителството и полицијата во Грац не ги објавија имињата на уапсените кошаркарите,но австриските медиуми шпекулираат дека станува збор за двајца Американци и тројца кошаркари од поранешна Југославија.

Кошаркарите биле уапсени затоа што, според Обвинителството, постои ризик да избегаат и да се обидат да сокријат докази.

Генералниот директор на првиот тим во Грац, Михаел Фукс, потврди дека знаел за петмината уапсени кошаркари но дека не знае повеќе детали.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот