Во Албанија утре почнува масовна вакцинација против ковид-19

Еди Рама/EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Премиерот на Албанија Еди Рама од градот Шијак, каде го следеше вакцинирањето на вработените во градинките, најави дека од утре во Албанија ќе започне масовната имунизација на населението.

– Од утре почнуваме масовна вакцинација, ќе ги заштитиме и вашите и родителите на вашите сопрузи – им рече тој на воспитувачките, што всушност значи почеток на реализација најавата што деновиве ја даде Рама, дека почнуваат со вакцинација на лицата над 60 години.

Министерката за здравство Огерта Манастирлиу, која го придружуваше Рама, изјави дека до денеска вакцина примиле 20.000 просветни работници и унверзитетски професори.

– Процесот на имунизација продолжува непречено. Опфатени се 62.858 лица, здравствени работници, постари лица од 80 години, просветни работници и унверзитетски професори. До сега не се забележани никакви негативни последици по добивањето на вакцината. Денеска почнавме со вакцинација на воспитувачките и другите вработени во градинките. До јуни планираме да бидат имунизирани 500.000 лица – посочи Манастирлиу.

Таа информираше дека во северниот албански град Кукс непречено се одвива и вакцинацијата на здравствените работници од Косово.

Најпрво Албанија обезбеди 500 вакцини за здравствените работници од установи во Приштина, а по набавката на 192.000 кинески вакцини Рама истакна дека ќе бидат вакцинирани и сите 11.000 косовски здравствени работници.

Во Албанија досега се пристигнати над 282.000 илјади вакцини од Фајзер, од АстраЗенека, Спутник В и од Синовак. За неполни 60 дена, како што најави Рама, тој број ќе се зголеми на 1,2 милион дози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот