ВНИМАВАЈТЕ КАКО ВОЗИТЕ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Сообраќајот на државнита патишта се одвива по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитете провејува на Попова Шапка, информира Автомоосојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.