Внимавајте додека земате лекови, заборавете на чоколадата

Антибиотиците не бараат посебен вид исхрана, но постојат одредени правила:

Грејпфрутот не треба да се јаде кога се земаат антибиотици, бидејќи тоа овошје ја спречува и ја нарушува ресорпцијата на лекот, како и млекото. Но, треба да се земаат јогурт и кисело млеко, бидејќи тоа е како и пробиотик.

Нутриционистите велат дека на списокот на храна што треба да се избегнува при земање антимикробни препарати треба да се додадат и сите други многу кисели намирници, какви што се сокови од цитрусните овошја, газираните безалкохолни пијалаци, чоколадата и производите врз база на домати, бидејќи тие исто така можат да ја намалат апсорпцијата на лекот.

Заборавете на слаткото

Многу е важно да се намали или целосно да се исфрли храната богата со шеќер и храната што содржи габички од квасец. Ова се однесува на тортите, колачите, тестото, печивата, компирот, оризот, индустриските овошни сокови, оцетот, киселиот зеленчук, чадената храна, алкохолот, ферментираната и зрнестата храна, сушеното месо и овошјето, како и печурките.

Зелен зеленчук

Во случај на подолг период на употреба на антибиотици, пожелно е да се јаде што повеќе зелен зеленчук, бидејќи содржи витамин К. Овој витамин е директно одговорен за процесот на коагулација (згрутчување) на крвта, а неговото производство во организмот може да биде оневозможено доколку антибиотиците ги елиминираат „добрите“ бактерии.
Со оглед на тоа што антимикробните лекови можат да го стимулираат растот на некои габички во организмот, кромидот и лукот треба да бидат на менито секој ден, бидејќи тие имаат силни антифунгални својства.

Пожелни намирници

Тука спаѓаат јогуртот, киселото млеко и кефирот, бидејќи ги чуваат „добрите“ бактерии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот