ВМРО-ДПМНЕ: Субвенционирањето на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо

Фото: МИА

Едно општество за сите не се гради со етничка исклучивост. Мерката на владата на Заев не само што е деградирачка туку е и дискриминаторска кон останатите граѓани. Наместо европско општество, Заев гради апартхејд, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ за најавата за субвенционирањето на приватните компании за вработување по етнички клуч која ја промовираше првиот вицепремиер, Артан Груби.

-Субвенционирањето на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо. Компаниите не треба да се делат по тоа кого вработуваат. Наместо политика на апартхејд, Владата нека почне да води европски политики. Нека ги тргнат главите од тендери и криминални пари, и нека гледаат да сработат барем нешто за граѓаните на Македонија, велат од опозицијата.

Влада: Помош за компаниите и невработените преку еднаков пристап кон сите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот