ВМРО-ДПМНЕ: На чело на РЕК Битола е поставен хармоникаш

РЕК Битола
РЕК Битола/Фото: МИА

„Ставање хармоникаш на чело на РЕК е гума за спасување за Ковачевски и одбегнување на одговорност“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако денеска ЕСМ ги разреши директорите во РЕК Битола и РЕК Осломеј и именуваше вршители на должноста директор.

„Новопоставениот директор на РЕК Битола Пеце Матески пред само неколку месеци беше поставен за директор на Термоелектраната, во која во изминатиот период се случија најголем број хаварии. Матески од претходно работно искуство има искуство како комерцијалист на гуми за џвакање и како хармоникаш по кафеани и ресторани. Деградирачки е РЕК да го води човек кој нема никакво познавање од енергетиката, ниту реално искуство од областа. Опасност по безбедноста на земјата е на чело на најголемиот енергетски капацитет наместо енергетичар од пракса да имаме хармоникаш“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека земјава ја злоупотребила струјата од европската мрежа и за само еден месец ќе мора да се плаќаат големи суми.

„11 милиони се потрошени за набавка на струја, плус уште 12,1 милиони евра за десетдневен период. Огромни суми пари се трошат без план, а како што стојат работите, нема ниту кој да го направи планот за излез на државата од енергетската криза“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот