Влошена состојбата на претепаниот Петровски, тепачот бизнисмен „мува не го лази“

На Бранко Петровски, сопственикот на менувачница од Скопје кој во саботата беше  крвнички претепан од скопскиот бизнисмен Спиро Чорогунов, како што објави ЦИВИЛ Медиа му се влошила состојбата и е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија. Лекарите утврдиле уште една сериозна фрактура во пределот на главата кај Петроски, пишува Цивил медиа.

Иако за тоа имало повеќе од очигледна потреба, жртвата на нападот, Петровски, како што пишува порталот, во саботата не беше хоспитализиран затоа што немало место,  ниту во Градската болница, ниту на државната клиника, иако обилно му крварел носот и не можел да заспие од болки и од тоа што се гушел во сопствената крв. Сепак, денеска, откако состојбата му се влошила уште повеќе, тој конечно е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.

Цивил медиа јаува дека напаѓачот е на слобода. Иако полицијата го „посетила“ напаѓачот веднаш по инцидентот, тој имал „обврски“, поточно, бил поканет на свадбена веселба, каде што и завршил, откако неколку часа пред тоа претепал човек.

Тоа може да се утврди и од фотографијата објавена на социјалните мрежи од која се гледа дека напаѓачот е во добро расположение, на свадба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот