Високи парични казни за непочитување на мерките во Грција

За прекршување на правилата и заштитните мерки од страна на бизнисите тие ќе се казнуваат со привремено затворање, но и парично со суми кои ќе и се движат од 2.000 до 100.000 евра.

Грците кои нема да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на корона вирусот ќе се соочат со големи парични казни кои би се движеле околу 150 евра.

Министерот за внатрешни работи на Грција, Такис Теодорикакос во интервјуто за грчката телевизија „Антена” рече дека „не се потпираме на систем на казни, туку на свесен обид од сите”.

За прекршување на правилата и заштитните мерки, бизнисите ќе се казнуваат парично но и со привремено затворање, а казните се согласно големината на бизнисот и се движат од 2.000 до 100.000 евра.

Надлежни за контроли се Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачи, полицијата и општинската полиција, регионалните ревизорски служби, Трудовата инспекција и Управата за јавни приходи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот