Виното како мост за поврзување на Балканот

– Иако Балканот како регион е еден од најголемите производители на вино во светот се уште не е познат на винската и пошироката јавност и затоа неговото поврзување и насочено заедничко делување може да донесе придобивки за сите земји од регионот. Целта е сите чинители во секторот во сите земји на Балканот да разменуваат знаења и вештини, да учат едни од други, да можат да користат знаења од реномирани експерти и заеднички да го промовираат регионот – изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на „Вина од Македонија“.

Здружението „Вина од Македонија“ во партнерство со организации од Белград (Wine Q – Центарот за винска култура во Република Србија), Требиње (Здружение на граѓани Салон Жилавке од Босна и Херцеговина) и Подгорица (Винската Академија на Црна Гора) добија поддршка од Фондацијата Western Balkan Fund за креирање на мрежа во регионот, која ќе делува во доменот на поврзување и заедничка промоција на виното од балканските земји.

Прочитајте и...  Филипче: Има 11 случаи на заразени здравствени работници во болницата „8 Септември“ (ВИДЕО)

Целта на проектот е во првата година да се создаде мрежа на субјекти кои се активни во земјите на Западен Балкан, но и во останатите земји на Балканот, а кои работат во насока на подобрување на винската индустрија и винскиот туризам и да се постави план на делување по одделни активности кој ќе започне да се реализира од 2020 година.

Заедничкото делување, креирање на заедничка винска приказна и поврзување на винските патишта од регионот ќе придонесе за поголема промоција на интернационалните пазари, но ќе овозможи и заедничко делување во сите сегменти, почнувајќи од лозовите насади, подобрување во производство на вино, како и во областа на законодавството.

Сите чинители во регионот што делуваат во рамки на винската индустрија се повикани да се приклучат во креирање на Балканската винска мрежа со директен контакт со еден од горе наведените партнери. Во втората половина на годината (во текот на Октомври или Ноември 2019), во Скопје, ќе се одржи првата конференција на Балканската винска мрежа, на која ќе бидат повикани да се вклучат и претставници од останатите земји од балканскиот регион.

Прочитајте и...  Кауција од милион долари за тројцата полицајци од Минеаполис кои помагаа во убиството на Џорџ Флојд

Особено е значајно што иницијативата беше препознаена и ќе биде финансиски поддржана од Western Balkan Fund, што е интернационална организација основана од страна на владите на Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово како иницијатива со сеопфатна и регионална сопственост, што дава јасен знак за нов дух на соработка на Балканот.

Прочитај повеќе

Макрон уште еднаш го повика Иран веднаш да ја ослободи научничката, Фариба Аделхах

Слободен печат

Трет ден по ред Шведска има повеќе од илјада новозаразени

Слободен печат

Канада закрепна од коронакризата: Во мај отворени 289.600 нови работни места

Слободен печат

Венко Филипче: Вирулентноста опаѓа, новите случаи се од 15 семејства, најголемиот дел без симптоми

Алијанса за Албанци: Али Ахмети зборува за албански премиер, додека бојкотира албански претседател

Слободен печат

Анкета: Повеќе од половина Грци ќе одат летово на одмор

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Повик од ЕУ до Западен Балкан за потесна соработка во граничното управување

Слободен печат

Нема да се тестираат лицата кои биле надвор од Скопје овој викенд

Слободен печат

Муфтијата Фетаху: Ковид -19 не е игра, туку сериозна и тешка болест

Слободен печат

Протест против расната сегрегација утре во Вашингтон

Слободен печат

Дваесет и пет заболени од Липково, едно лице од Куманово

Слободен печат

Вработеноста во САД во мај порасна за 2,5 милиони

Слободен печат